Христов: Го тренираме она што ќе го играме, а новитетите да се покажат на подготвителните мечеви

63

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Екипата на Тиквеш денеска го игра првиот дуел од трите закажани на базичните подготовки во Анталија. Кавадарчани денеска од 16:00 часот по локално време ќе се тестираат со тимот на Славија Софија.

Стратегот Борче Христов вели дека е задоволен од она што екипата го работи на овие подготовки во Анталија, и дека се оди во најдобар ред.

„Па освен фактот што ете временските услови и не се најјидеални, и ни го пореметија распоредот за работа во последните два три дена се останато е во најдобар ред. Ние го работиме она што планираме да ни биде и тактичка основа во периодот кој што следува и тука нема некакви ниту изненадувања ниту промени. Од друга страна новитетите во екипата, ќе треба токму на мечот како што е денешниот да се истакнат и да покажат дека се вредни за да бидат дел од Тиквеш. Тренинг е едно, но натпревар е сосема нешто друго. На меч се гледа вистинската способност“ – вели тренерот на ГФК Тиквеш, Борче Христов за Спортспорт.

ПретходноСè е отворено во Хернинг – четири тима со еднакви шанси
СледноТажен крај за Вавринка во Мелбурн