Данска запиша уште една важна победа во битката за место во полуфиналето на ЕП 2026. Избраниците на Николај Јакобсен во преполната „Јиске Банк Боксен“ Арена ја победија Шпанија со 36:31 и речиси ја оптишаа во битката за медал на Европското првенство.
По оние 16:14 во првиот дел, финалниот удар Данците го зададоа на почетокот на вториот дел во кој полека ја зголемуваа предноста и ги оставија Шпанците без одговор.
Јакобсен со 8 гола беше доминантен во составот на Данците, додека кај Шпанија Фис постигна 9 гола. Извонреден на голот на данска беше Емил Нилсен со 14 одбрани.
Второто коло од групата 1 ќе го заокружат Германија и Норвешка, мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.










