Тимот на Денвер Нагетс, сосема легитимно се справува на терен без Никола Јокиќ во составот, кој што и натаму е повреден. Нагетски синоќа со 102:100 обезбедија победа кај Милвоки и на тој начин уште потврдија дека се во нагорна линија со формата и покрај проблемите.
Без голем број на стартери како Јокиќ, Браун, Џонсон, овојпат на терен не се појавија ниту Џамал Мареј, Пејтон Вотсон и Јонас Валанчијунас. Ерик Гордон беше на терен но само за 16 минути и се повреди.
Па така Стотер се појави како новитет и погови за 20 поени, како и Хардавеј кој што додаде свои 17.
Резултати:
Детроит – Хјустон 104:111
Атланта – Феникс 110:103
Бруклин – Бостон 126:130 (продолженија)
Кливленд – Сакраменто 123:118
Мемфис – Њу Орлеанс 127:133
Оклахома – Индијана 114:117
Милвоки – Денвер 100:102
Портланд – Торонто 98:110










