Во дербито од 21-то коло од Ла Лига, Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 како гостин.
И вечерва како клуч за победата на Реал се покажа францускиот напаѓач Килијан Мбапе. Последен пат Реал победи кога Французинот не постигна гол на 22 октомври против Јувентус. Оттогаш, головите на Мбапе се задолжителни ако Реал сака да ги освои сите три бода.
Вечерва Мбапе ги постигна и двата гола во победата на „кралевите“. Неговиот гол во 47-та минута го отвори резултатот, а во втората минута од судиското продолжение, тој постигна гол од пенал за конечни 2:0.










