Башкими денеска претстави уште едно ново име во своите редови. Станува збор за Азер Козиќ, кој игра на позицијата напаѓач и доаѓа со богата интернационална кариера, играјќи во Хрватска, Словенија и Азија.
Од Башкими најавија дека се очекува Козиќ да биде важно засилување за нападот на тимот во вториот дел од сезоната.















