Македонската кошарка се враќа на терен, очите на јавноста посебно ќе бидат насочени кон еден меч!

103
Фото: КФСМ

После пауза од еден месец, македонската кошарка денеска се враќа на терен. На програмата е 12 коло. Пред почетокот на дуелите да се постетиме дека врвот го делат ТФТ и МЗТ Скопје, двата тима имаат 11 победи и само еден пораз, зад нив се Пелистер, Куманово и Кожув со 18 бода или скор од 7/4.

Најголемото изненадување сезонава е Маџари, дебитантот покажа дека со право влезе во елитата, има 17 бода и се наоѓа на шестата позиција пред Работнички, кој има бод помалку  осмопласираниот Феникс.

Долниот дел од табелата е составен од Чари, Тиквеш, Гостивар и Ангели.

Продолжението стартува со мечот меѓу Ангели и Феникс, тука во центарот на вниманието ќе биде кошаркарот на домашниот тим Рубин Стефанов, кој од Италија се врати во Македонија. До сега во изминатите години никој не можеше да го види неговиот напредок, па сега ќе биде вистинско време да се појави на домашна сцена.

Во Кавадарци имаме пресметка од долниот дел на табелата, Тиквеш е домаќин на Гостивар, два тима кои во минатото не се нашле во ваква позиција.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 12. КОЛО

24. ЈАНУАРИ (САБОТА)

17.00: Ангели – Феникс 2010

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/onhX6kEvaQs?si=Nmip5gc1JvhXoG7g

18.00: Тиквеш Голден Игл – Гостивар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Is3Wjcu-lFI?si=jVWcINccr-lLYAui

25. ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

16.00: Маџари – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Наум Наумовски – Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GDh1Ijv6C8c?si=0gD8aaeDlxwi-QyG

18.00: МКК Куманово – Чаир 2030

Спортска сала во Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1M4rFh3ANNE?si=luk0rH_M4gQRVl0V

19.00: Пелистер – Работнички (МРТ3)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zBkoQWkHRww?si=yOUiN3Z2kv3Gi5rq

26. ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

16.00: ТФТ – Кожув

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lnudUcbxi74?si=QF2Wbhfm3X0cqZHa

ПретходноНови детали за здравјето на Михаел Шумахер – живее во вила на Мајорка
СледноШкендија со прв пораз во текот на зимските подготовки!