Невремето во Анталија им прави проблем на македонските екипи

132

Голем дел од македонските екипи подготовките на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ги одработуваат во Анталија. Но, овие денови имаат голем проблем, временските услови не се идеални, поради обилни дождови не можат да ги одиграат пријателските натпревари.

Денеска Пелистер мораше да го откаже дуелот со Железничар. Битолчани не се единствениот тим кој беше принуден да одложи натпревар, вчера Вардар од истата причина не играше против Мотор Л, Силекс против Словачко одигра само 70 минути. За денеска е предвидено пријателски меч да има Тиквеш против Славија Софија.

ПретходноСкапо шише вода… Челзи казнет со 150.000 евра
СледноСимфонија во Мелбурн: Ѓоковиќ е првиот тенисер со 400 победи!