Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ го посети подготвителниот камп на ФК Пелистер во Анталија, каде што клубот ги реализира зимските подготовки.
За време на посетата беше остварена средба со раководството, стручниот штаб и фудбалерите, при што беа разменети мислења за тековните подготовки и амбициите на клубот.
Ова значи дека Омерагиќ ги посети сите наши клубови кои се подготвуваат во Анталија, со цел изворно да се запознае како тоа се одвиваат подготовките на клубовите.















