На својата прва пријателска средба во Анталија, фудбалерите на Тиквеш денеска одиграа 1:1 против бугарскиот тим Славија Софија предводен од Ратко Достаниќ, некогашен тренер на Вардар и Работнички.
Бугарскиот состав поведе со 0:1 со голот на Милетиќ уште во 5.минута, додека Тиквеш израмни на 1:1 со голот на Мартин Стојанов и тоа од пенал во 67.минута. Во самиот финиш на средбата дојде и до мало кошкање на теренот меѓу играчите на двата тима откако еден фудбалер на Славија Софија се пожали на повреда.
За кавадарчани во текот на подготовките во Анталија следуваат уште две вакви контролни натпревари.
Инаку Македонија ЃП и Шкупи одиграа без голови попладнево на стадионот во Ѓорче Петров. Тоа се екипи кои дома се подготвуваат за пролетниот дел во тековната сезона во ПМФЛ.















