Промоција: Работнички го претстави Мартин Талаков! (ФОТО)

124
ФОТО:facebook.com/fcrabotnicki

Мартин Талаков (22) од денеска е новото име во Работнички. Клубот од Дебар Маало го официјализираше трансферот на офанзивниот играч за врска кој во изминатите шест месеци го носеше дресот на Македонија ЃП. Со Талаков секако дека средниот ред на тимот на стратегот Муарем Муарем и тоа како ќе биде засилен, станува збор за играч кој беше еден од најдобрите во таборот на “лавовите“ минатата есен. Потпишан е едногодишен договор.

Инаку Талаков е велешанец, а досега во својата кариера има играно за Брера, Борец, вториот тим на Жилина, Подбрезова и Похроние.

Ова е петто засилување за Работнички во текот на овој зимски преоден рок.

ПретходноТажен крај за Вавринка во Мелбурн
СледноНови детали за здравјето на Михаел Шумахер – живее во вила на Мајорка