Тажен крај за Вавринка во Мелбурн

226

Деветтиот тенисер во светот, Американецот Тејлор Фриц, се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако во третото коло во Мелбурн го совлада Швајцарецот Стан Вавринка со 3:1 во сетови (7:6, 2:6, 6:4, 6:4). Мечот траеше два часа и 45 минути.

Фриц забележа дури 30 аса и во следната рунда ќе игра против петтиот светски рекет, Италијанецот Лоренцо Музети.

За Вавринка, освојувач на титулата во Мелбурн во 2014 година, ова беше последен настап на Австралија опен, откако најави дека ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната.

ПретходноХристов: Го тренираме она што ќе го играме, а новитетите да се покажат на подготвителните мечеви
СледноПромоција: Работнички го претстави Мартин Талаков! (ФОТО)