Гол – шоу на Македонецот: Растодер и Тун си “газат“ и атакуваат на титулата!

300
ФОТО: FC Thun/FB

Уште една одлична партија на македонскиот репрезентативец Елмин Растодер во дресот на Тун. Попладнево во меч од 21.коло во елитната лига на Швајцарија, Растодер постигна два гола, шести и седми сезонава и со тоа и како му помогна на својот Тун да слави убедлива победа против Јанг Бојс со 4:1. Македонецот првиот гол го постигна во 62.минута за водство на својот тим од 3:0, а потоа стрелаше и во 84.минута за 4:1.

Со овие нови три бода, тимот на Растодер сега има 46 бода или +7 во однос на вториот Лугано, клуб за кој настапува уште еден наш репрезентативец Џани Алиоски.

Нема дилеми дека Елмин Растодер и Тун и тоа како атакуваат кон титулата во Швајцарија.

ПретходноУбава вест: ЖРК Атлетик ќе биде домаќин на меѓународен турнир
СледноВардар денеска со „фул“ тренинг пред утрешниот тест меч со Динамо Махачкала (ФОТОГАЛЕРИЈА)