За танго се потребни двајца, но за аргентинско тројца

429

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Есенскиот ПМФЛ шампион, тимот на Вардар веќе речиси две недели како е во Сиде, Турција, каде што се подготвува за пролетниот дел од сезоната.

„Црвено – црните“ имаат набиена агенда, тренинзите се секојдневни, и нема нешто што може да го промени ритамот. Можеби и помалку монотоно, но подготовките се такви. Тренинг, одмор, и со недели исти лица заедно.
Но, во таборот на Вардар деновиве има едно  ново. Аргентинецот Иан Пулеио, кој што тивко и без знаење на јавноста пристигна како новитет тука во Турција, и потпиша двегодишен договор.

Десниот крилен напаѓач, пристигнува од Црна Гора каде што играше за тимот на Дечиќ Тузи, и со кого имаше успешно изминато европско лето. Пулеио сега веќе е третиот „Гаучос“ во Вардар заедно со Диего Кастањеда и Мануел Куестас кои што се староседелци. Кастањеда е стандарден изминатиот период, Куестаес ја одработи позајмицата во Брера и се врати во матичниот клуб.

„Секако дека сум задоволен од фактот што сум дел од Вардар. Полека се привикнувам на новата средина, имам голема помош од моите нови соиграчи аргентинци, но и од останатите. Јазичната бариера речиси и да не постои, англискиот го владеам солидно, а малку и црногорскиот“ –  на шега го почнува разговорот со Спортспорт, Иан Пуелио.

Тој има 27 години и е роден во Буенос Аирес. Во својата фудбалска кариера може да се пофали со настапи за тимот на Платенсе, во неговата татковина со кого има изборено пласман од втората лига во елитата на Аргентина.
„Да, тоа е добар период од мојата кариера. Тоа е мое големо искуство. Аргентинскиот фудбал е квалитетен, за највисокиот ранг да не говориме, но и втората па дури и третата лига има квалитетни играчи. За мечевите и навивањето, атмосферата да не говорам. Тоа е посебен свет. Од моите соиграчи дознав дека Вардар има верна публика, која што прави одлична атмсофера на натпреварите. Едвај чекам да бидам дел од дуелите во шампионатот“ – додава  Пуелио.

Вардар е Бока во Македонија

Кога се разговара за фудбал со аргентинец, не може да не се „чепне“ и темата за кого навива. Новиот член на Вардар, роден во Буенос Аирес, реално и не треба да му се постави ова прашање.

„Се знае кој е број еден клуб во мојата татковина. Една е Бока. И нема рамна. Кој ќе ви каже поинаку ќе погреши. Убедливо најпопуларниот клуб, клубот со најмногу навивачи“ – вели Пуелио, на што се надоврзува и Мануел Куестас.

„Вардар е Бока во Македонија. Клубот е присатен во секое семејство. Ретко ќе најдеш човек да навива за друг клуб“ – додава дефанзивецот.

Давид Бабунски дел од „шпанската клапа“

На ова аргентинско друштво многу често му се приклучува и Давид Бабунски. Македонскиот репрезентативец се знае дека шпанскиот го владее како мајчин јазик и некогашниот член на Барселона е израснат во таа земја.

„Често сум во друштво со Кастањеда, а еве сега и со Куестас и со Пуелио. Им помагам во прилагодувањето, ми се допаѓа таа улога, и уживам во нивно друштво“ – ни рече македонскиот репрезентативец.

 

ПретходноАлкараз и Зверев со пласман во 1/4 финалето на АО
СледноСилекс и Пелистер во трка за Мишов