Мечот меѓу МКК Куманово и Чаир е прекинат, ќе се доигра утре!

462

По само две минути игра во Куманово, средбата меѓу МКК Куманово и Чаир е прекината и нема вечерва да се доигра. Тоа ќе се случи утре, а терминот, односно сатницата дополнително ќе биде позната.

Причината за прекинот е лизгавиот под во салата во Куманово, а во 2.минута кога и беше прекинот, резултатот гласеше 2:0 за домашните кошаркари.

Дознаваме дека одговорното лице кое го подготвувало паркетот пред мечот, едноставно ја утнал со дозата при бришење.

Откако имаше едномесечна пауза во домашниот шампионат, еве на стартот во новата година веднаш проблеми.

ПретходноМагија на Јамал: Барса го “реши“ Овиедо и повторно е лидер! (ВИДЕО)
СледноНаковски Волеј држи победничко темпо, Фит Фан му „скина“ бод на Младост УГД