Наковски Волеј држи победничко темпо, Фит Фан му „скина“ бод на Младост УГД

19
фото: ОК Наковски волеј (FB)

Првото коло од пролетниот дел од сезоната во Првата женска лига понуди интересни дуели, во кои лидерот Наковски Волеј ја продолжи победничката серија со максимална победа над Газели Волеј, во дербито од 10. коло кое се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје.

Дуелот на прво и трето пласираниот тим во лигата мина во неизвесна атмосфера, со многу пресврти и подеми и падови на двата тима. „Газелите“ делуваа силно мотивирани да му го нанесат првиот пораз на струмичкиот состав, диктираа темпо на игра во комплетниот прв сет, а има и предност од 21:17, а потоа и дури пет сет топки, кои не ги искористија. Наковски Волеј со серија од 6-0 се врати во игра во клучните моменти и со комплетен пресврт и 24:26 поведе со 0:1 во сетови.

Во вториот сет на домаќинот му беше потребно време да ги консолидира редовите по падот во финишот на првиот период, направи многу технички грешки кои им одеа во прилог на девојките на Хари Наковски и поведоа со 0:2 во сетови.

Третиот сет беше реприза на првиот. Изедначено се играше до 5:5, потоа Газели Волеј ја превзема иницијативата и држеше ритам до финишот. Кога се чинеше дека натпреварот ќе се игра најмалку уште еден сет, гостинките одново се кренаа, беа концентирани и дисциплинирани и со нов пресврт и 23:25 дојдоа до максимална победа.

Фит Фан Волеј пријатно изненади на почетокот на втората полусезона одземајќи му бод на Младост УГД (2:3), кој важеше за фаворит во дуелот. Скопскиот состав потврди дека промените на полусезоната може да одиграат улога во нивниот настап пролетва. Фит Фан Волеј имаше и предност од 2:1 во сетови, но сериозниот пад во играта, како и решителноста на Младост УГД да не си дозволи „кикс“ на отворањето пресудија во финишот на мечот.

Вардар ЕМ и Работнички Скопје делуваа сигурни во дуелите со Ускана, односно Струмица жени и запишаа нови три бода. Десеттото коло кај дамите ќе биде комплетирано в вторник кога шампионот Јанта Волеј КВ го пречекува Пелистер Волеј.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 10. КОЛО

ВАРДАР ЕМ – УСКАНА   3:0 (25:10, 25:11, 25:10)

ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ         0:3 (24:26, 19:25, 23:25)

ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД           2:3 (25:21, 22:25, 25:20, 9:25, 10:15)

СТРУМИЦА ЖЕНИ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ         0:3 (12:25, 11:25, 13:25)

27.01.2026

ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ       17:00ч.

ПретходноМечот меѓу МКК Куманово и Чаир е прекинат, ќе се доигра утре!
СледноЈакимовски одличен во победата на Тренто!