Пелистер – Борац Бања Лука 0:2 е исходот од денешната пријателска средба во Анталија. Битолчани по првите 45.минута имаа 0:0, но во второто полувреме примија два гола од тимот на Шишковски и Херера и на крајот мораа да се задоволат со тој резултат.
Инаку ова беше втор меч за тимот на стратегот Милан Стојановски од подготовките во Анталија, на првиот одиграа без победник 2:2 со Спартак Суботица.
Во Анталија фудбалерите на Пелистер ќе одиграат уште неколку вакви пријателски мечеви, да потсетимедека вчера контролата со сараевски Железничар беше откажана поради лошите временски услови.
Битолскиот клуб веќе неколку дена ја одработува главната фаза од подготовките во Анталија во пресрет на стартот на пролетниот дел во ПМФЛ.















