Некогашниот македонски младински репрезентативец Александар Мишов, зимава има слободни документи в рака откако си замина од таборот на Тиквеш.
Напаѓачот повеќе не е дел од неговиот матичен клуб, и на пролет ќе го гледаме во нова средина.
Од она што Спортспорт го дознава во моментов е дека Мишов има две ПМФЛ опции во моментов, а тоа се Силекс односно Пелистер.
Кратовци сакаат што посилен состав, за директен пласман во Европа, додека Пелистер по очајната сезона бара силен тим за резултатска рехабилитација.
Секако, странската опција секогаш е опција, а Мишов досега беше дел од Етар, Туран, Самтредија….















