Андреј Јакимовски и дефиниитивно се наметнува како еден од најдобрите кошаркари на Тренто. И вечерва Македонецот беше одличен и беше важна алка во победата на својот тим на гостувањето кај Тревизо со 67:88.
Македонскиот репрезеентативец мина 22 минути во игра а притоа имаше 13 поени и 5 скокови.
Со оваа победа сега Тренто по 17.коло, е на 9.место на табелата во елитната кошаркарска лига на Италија.
Македонската спортска јавност и тоа има причина за задоволство ако се знае дека во Јакимовски добиваме нова кошаркарска ѕвезда.










