Фудбалерите на Јувентус го победија Наполи во Торино со високи 3:0 во натпреварот од 22-то коло од италијанската Серија А.
Избраниците на Лучијано Спалети остварија убедлива победа против актуелниот шампион на Италија. Почетокот на натпреварот беше обележан со малку помирен ритам, но потоа работите тргнаа добро за „Старата Дама“.
Домашниот тим ја контролираше ситуацијата на теренот и покрај фактот што Антонио Конте се обиде да ја промени ситуацијата со замени, но Дејвид, Јилдиз и Костиќ со три прекрасни погодоци ја решија средбата во полза на домашните.
Наполи има само една победа на последните шест меча и тоа сериозно внесува немир во тимот на нашиот Елиф Елмас, кој денеска беше стартер и одигра 70 минути. По вечерашниот триумф, „Старата дама“ се приближи до водечките екипи од Серија А и ја зазема петтата позиција на табелата со 42 бода, додека Наполи е трет со бод повеќе.










