Исланѓаните: Оваа Хрватска не е ништо посебно, почнувам да го „мразам“ Сигурдсон

292
ФОТО: Hrvatski rukometni savez/FB

Хрватската ракометна репрезентација вечерва против Швајцарија го продолжува вториот круг на Европското првенство, но сè уште не стивнуваат реакциите по важната победа над Исланд, која ја остави во трка за полуфинале.

По драматичните 30:29, поранешниот исландски репрезентативец Јохан Гунар Еинарсон детално го анализираше натпреварот и тренерскиот дуел на двајцата сонародници на спротивните клупи – хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон и исландскиот Снорри Гудјонсон, пишува тамошниот „Висир“.

„Всушност, малку почнувам да го мразам. Не мислам дека оваа Хрватска е нешто посебно, Лука Циндриќ е тука во финишот и промашува.

Шутерите не се светска класа, само се големи момци. Пивотот не ја добива топката сè до последните два напада. Инаку – ништо. Сепак, некако успева да извлече одлични настапи против нас и тоа почнува да ме нервира“, заклучи Јохан Гунар Еинарсон.

ПретходноПријателска: Башкими го “торпедира“ Рудар Плевља во Медулин!
СледноШведска сака да остане совршена, четири тима „бркаат“ прва победа во главната рунда