Нено и Баерн го добија дербито во Германија!

158
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Попладнево во меч од 17.коло во елитната кошаркарска лига Германија, нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ уште еднаш одигра солидна партија во дресот на Баерн. Тим кој што успеа да слави во дербито против Вурзбург со 98:79 и со тоа и натаму суверено да го држи лидерското место на табелата, со само еден пораз сезонава.

Македонецот во игра мина 16 минути и забележа 5 поени, 4 скока и 2 асистенции.

Веќе е јасно дека стратегот Светислав Пешиќ со доаѓањето на Димитријевиќ доби големо засилување на плејмејкерската позиција.

ПретходноГОК Борец му се реваншираше на Работнички 71&22 на стартот на плејофот
СледноПрва и важна победа за Словенија во главната рунда