Дали Астон Вила е кандидат за титулата: За тоа ќе зборуваме на три кола пред крајот!

64
фото: Aston Villa (X)

Унаи Емери ќе ја смета Астон Вила како кандидат за титулата во Премиер лигата само ако се се уште во игра за тронот на три натпревари до крајот на сезоната.

Вила се зацврсти на третото место, израмнети со бодовите со Манчестер Сити и четири зад лидерот Арсенал, по тешката победа од 2-0 против Њукасл денеска – прва на „Сент Џејмс Парк“ од април 2005 година. Емери, кој инсистираше дека тие не се кандидати за место меѓу првите пет по поразот од Евертон на домашен терен минатиот викенд со 1-0, одби да биде понесен од денешниот успех и „киксот“ на Арсенал на домашен терен против Манчестер Јунајтед.

„Следната недела играме против Брентфорд дома. Минатата недела загубивме и минатата недела никој не ме праша дали сме кандидат за титулата. Одржувањето рамнотежа е единствената цел што ја имам на ум, а единствениот начин што го знам е да работам секој ден и ако играш конзистентно, можеби ќе можеш подобро и можеби кон 35-то коло, можеме да зборуваме поинаку“, рекол Емери.

ПретходноМилан не го искористи киксот на Наполи и ремизираше со Рома