Магија на Јамал: Барса го “реши“ Овиедо и повторно е лидер! (ВИДЕО)

185
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Кој си знае, си знае. Секако ова важи за Ламине Јамал кој во 73.минута на мечот со Овиедо изведе магија. Постигна фантастичен гол овој спектакуларен фудбалер кој има само 18 години, гол за 3:0 за Барселона. Со оваа победа, Барса сега одново е лидер со 52 бода, еден повеќе од Реал Мадрид по ова 21.коло во Ла Лига.

Барса се мачеше во првиот дел на “Камп Ноу“, но откако Олмо стрелаше за 1:0 во 52.минута се беше полесно, потоа и Рафиња погоди за 2:0 пет минути подоцна, тука беше решен победникот на оваа средба.

Магијата на Јамал беше само ставање печат на победата на каталонската гордост.

ПретходноМаџари не успеа да го изненади шампионот, одлична партија на Петков (ФОТО)
СледноМечот меѓу МКК Куманово и Чаир е прекинат, ќе се доигра утре!