По само две минути игра во Куманово, средбата меѓу МКК Куманово и Чаир е прекината и нема вечерва да се доигра. Тоа ќе се случи утре, а терминот, односно сатницата дополнително ќе биде позната.
Причината за прекинот е лизгавиот под во салата во Куманово, а во 2.минута кога и беше прекинот, резултатот гласеше 2:0 за домашните кошаркари.
Дознаваме дека одговорното лице кое го подготвувало паркетот пред мечот, едноставно ја утнал со дозата при бришење.
Откако имаше едномесечна пауза во домашниот шампионат, еве на стартот во новата година веднаш проблеми.










