Нема веќе непоразени: Исланд ја “скрши“ Шведска среде Малме!

69
Slovenia vs Iceland, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Zagreb, Croatia, 20.01.2025, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Нема веќе непоразени на ЕП 2026. Шведска не е веќе совршена, откако вечерва во меч од групата 2 во главната рунда пред своите фанови во Малме доживеа убедлив пораз од Исланд со 35:27.

Јасно е дека Шведска и натаму има големи шанси за следната фаза, но вечерва ако победеше можеше се да реши за себе, и пласманот во полуфиналето,вака ќе мора да се чека последното коло од оваа група во Малме.

Исланд беше подобар, Исланд апсолутно ја заслужи оваа победа, шеста против Шведска во историјата во 21 меч.

Уште на стартот се виде дека Шведска и тоа како ќе си има проблеми, гостите беа тие кои ги диктираа настаните во Арената во Малме.

На пауза се замина со +6 за Исланд, но Шведска немаше намера да се предаде. На 12 минути до крајот стигна до само -1 гол, но Исланд сепак знаеше како треба и успеа на крајот да слави убедлива победа.

Сега на табелата Исланд е прв, Шведска втора со по 4, бода, допрва од 20:30 часот играат Хрватска и Швајцарија и може да се случи дури четири екипи да имаат по 4 бода во пресрет на последното коло, Словенија има исто 4, а Хрватска пред дуелот со Швајцарците, два.

Кристјансон со 11 голови од 11 обиди беше фантастичен кај Исланд, додека Лагерген на другата страна постигна 5 голови.

ПретходноСпектакл и шок за Арсенал: Солзи на “Емирејтс“, овој Јунајтед е некој друг, фантастичен Јунајтед!
СледноЈуве го „потопи“ Наполи, шампионот има само една победа на последните шест средби