Екипата на Њујорк Никс конечно покажува знаци на живот, откако синоќа во дуелот против Филаделфија обезбеди триумф од 112:109, и на тој начин успеа да сврзе две победи по ред. Никси загубија девет од последните дванаесет мечеви, а ова се првите две еднаподруго победи во 2026 година.
Одличен Брансон со 31. поен, Ануоби со 23, Шемет со 12, додека пак ФИладелфија Џоел Ембид попусто стигна до 31 поен и 11 скокови. Ембид имаше фантастично прво полувреме во кое стигна до 28 поени со шут 10/12 од поле.
Лејкерси пак успеаа да победат на гостувањето кај Далас со 110:116, а најјефикасен Лука Дончиќ со 33 поени. Му недостасуваа два скока за трипл дабл, затоа што имаше и единаесет успешни додавања.
Резултати:
Филаделфија – Њујорк 109:112
Орландо – Кливленд 105:119
Чикаго – Бостон 114:111
Далас – ЛА.Лејкерс 110:116
Јута – Мајами 116:147










