Пелистер го доби неизвесното дерби со Работнички

82

Кошаркарите на Пелистер тргнаа со победа во првото овогодишно коло од домашното првенство, откако вечерва на одмашен терен славеа во дербито со Работнички со 88:85.

Дербито очекувано донесе неизвесна битка уште од првата минута. „Зелените“ ја добија првата четвртина со три поени предност, а истата разлика успеаја да ја задржат и во втората четвртина, па на пауза заминаа со минимална предност од 47:44.

Работнички имаше шанси да се обиде на почетокот на вториот дел да ја анулира разликата, но во последните две минути од третиот период, Пелистер успеа да врзе серија поени и да зголеми на 71:65.

Во последниот период видовме вистинска драма во завршницата. Битолчани имаа константна разлика од 3-4 поени во своја полза, но Работнички на 1,5 минута до крајот успеа да се приближи наминус еден (84:83). По тајм-аутот, Малешевиќ погоди тројка, Работнички не искористи напад, па потоа Стајиќ промаши две слободни фрлања, но и тие не помогнаа гостите да се вратат. На крајот Малешевиќ со едно погодено слободно фрлање го реши победникот.

Дејвис со 25 и Малешевиќ со 21 поен беа носители на победата на битолчани, додека кај Работнички Петровски заврши со 19 поени како најдобар стрелец.

ПретходноЈовановски потпретседател на Балканската асоцијација, одредени термините за БП
СледноБашкими се засили со напаѓач од Тринидад и Тобаго