Прва и важна победа за Словенија во главната рунда

117
Фото: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia

Словенија дојде до  важни бодови во главната рунда, ја победија Унгарија со 35-32 за прв триумф во овој дел од Европското првенство, претходно беа поразени од Шведска. Оваа победа беше важна за пласманот во полуфиналето, сега Словенците имаат четири бода.

Унгарија беше добар и доминантна во првото полувреме, имаше позитива и од четири гола (12-16, 13-17). После 15-17 на одморот, Словенците заиграа многу подобро во вториот дел, одржуваа позитива од два до три гола.

Јанц постигна 10 гола, зад него беше Јовичиќ беше стрелец на пет гола, два ги постигна во клучните моменти. На другата страна Имре имаше осум гола.

ПретходноНено и Баерн го добија дербито во Германија!
СледноЧелзи убедлив во градското дерби, гостински победи и за Астон Вила и за Нотингем Форест!