Прва победа во првиот меч за Башкими во Медулин или втора победа во вториот севкупен меч оваа зима. Денеска кумановци го “торпедираа“ тимот на Рудар Плевља, второлигаш од Црна Гора со 3:0. Сите голови паднаа од 48. до 63.минута, а стрелци беа Петерчу, Рибеиро..
Башкими во текот на своите подготовки во Медулин (Хрватска) ќе одигра пријателски и со Радник Бијелина (27.01), Прва Искра (28.01) и НК Хрваце (31.01).
Колку за потсетување, на првиот контролен меч оваа зима, кој се одигра во Куманово пред неколку дена, Башкими успеа да го победи Тиквеш со 2:0.















