Продолжува пеколот во Малме: Хрватската бајка продолжува!

277

На последниот меч од второто коло во рамките на главната рунда 2, Хрватска ја победи 24-28 (11-13) Швајцарија со што продолжи пеколната трка за првите две места кои водат во полуфиналето на Европското првенство.

Сега Шведска, Хрватска, Словенија и Исланд имаат по четири бода. Ќе биде доста интересно до самиот крај.

Швајцарија моќно влезе во дуелот, поведе со 5-1. Хрватска во овој период се мачеше и во нападот и во одбрана, но после тајм-аутот на Сигурдсон успеа да фати ритам. Со серија од 2-8 поведе со 7-9, и не застана пред крајот на првото полувреме имаше плус три 10-13.

Хрватска продолжи во ист ритам и во вториот дел, после 11 минути игра ги запиша првите плус 5 (15-20). Серавали запиша две одбрани во низа, па Швајцарија успеа да спушти на негатива од три гола. Хрватска остана со играч помалку на теренот, Сигурдсон повика тајм-аут бидејќи на стартот на 50. минута беше 22-24. Неговите момци одговорија со три гола за 22-27 на три минути до крајот. Ова беше доволно за победа.

Во следното коло Хрватска игра против Словенија.

ПретходноСрбија ја порази Унгарија и стана европски шампион во ватерполо
СледноШок за Мурињо, ова за првпат му се случува во кариерата! (ФОТО)