Уф, каков спектакл на “Емирејтс“? Ова го може само во Премиерлигата. Супер – дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со триумф на гостите од 2:3. Ете тоа е ефектот наречен Мајкл Карик.
Ова е шок за Арсенал, ова се солзи на „Емирејтс“, со овој пораз тимот на Микел Артета покажа дека и тоа како е ранлив, овој исход е на задоволство на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити кои сега имаат само -4 бода во однос на лидерот Арсенал.
А се почна со автоголот на Мартинез за 1:0 за домашните во таа 29.минута. Мбеумо израмни неколку минути подоцна. Само што започна второто полувреме Доргу стрелаше за 1:2, за шок на „Емирејтс“, и така беше се до 84.минута кога Мерино едвај ја вметна топката во мрежата на гостите.
Но, тоа не беше се, се играше 87.минута кога Куња со прекрасен шут го совлада Реина за водство од 2:3, за победа, за голема победа.










