Официјално:Талески промовиран во Татабања!

1253
ФОТО:facebook.com/tatabanyahandball

Филип Талески од денеска и официјално е нов ракометар на Татабања, тим од Унгарија. Откако си замина од Вардар пред два месеци, високиот лев бек повторно е интернационалец, но сега во Унгарија.

Станува збор за клуб кој високо котира во својата земја, но сепак години наназад е зад гигантите Веспрем и ПИК Сегед.

Што се однесува до Филип Талески, тој себеси се промовира во Металург,потоа направи голем трансфер во Рајн Некар Левен, потоа мала епизода во Балинген за да потоа играше за Вардар, за да продолжи во Бенфика. Во РК Вардар се врати минатото лето, сега е пред нов интернационален предизвик.

ПретходноСерхио Рамос со 450 милиони евра ја купува Севиља!
СледноВардар со пораз од Динамо Махачкала