Познато е кога ќе биде одреден терминот за Куп-дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкендија

123
ФОТО: FFM

Во петокот беа извлечени довојки за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Јасно е дека дербито е Струга ТЛ – Шкендија, кое беше првично закажано како и сите останати двојки за 25 февруари. Но тој меч во Струга повеќе од јасно е дека на 25 февруари нема да се игра, ако се знае дека на 19 и 26 февруари Шкендија игра двомеч од плеј – офот во нокаут фазата или 1/16 финалето во Лигата на Конференции против турскиот Самсунспор.

Па така, барем според информациите од ФФМ, ќе се чека на завршување на овој европски двомеч на тетовци да заврши па потоа да се одреди нов термин за одигрување на мечот Струга ТЛ – Шкендија во Купот на Македонија.

Инаку на 25 февруари ќе играат Вардар – Охрид, Шкендија Арачиново – Работнички и Детонит – Силекс.

Полуфиналињата се закажани за 1 и 22 април, се играат два меча а големото финале би требало да се игра на 20 мај.

ПретходноПолуфиналето стана далечно за Португалија и Норвешка
СледноШпанец со евролигашко искуство е новиот селектор на Македонија