Вардаровата иднина на едно место

379

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Актуелниот македонски есенски шампион, тимот на Вардар во моментов е на подготовките во Сиде, Анталија. Како што е редот, и како што функционира секој сериозен клуб, Вардар на овие подготовките покрај стандардните првотимци кои донесоа есенска титула, плус новитетите, понесе и десетина младинци, дел од подмладокот на клубот кои што се полни потенцијал и талент.

Сите од ред младински репрезентативци на Македонија, што е и нормално со оглед на фактот во кој клуб играат, и каде настапуваат. Одиме со ред….

Данев и Талевски веќе се „староседелци“

Како најстари во оваа „клапа“ секако се македонските младински репрезенаттивци до 21. година, Димитар Данев, односно Михаил Талевски.

Тоа е двата веќе стандардни младински на тимот кој што спред У21 правилото имаа доста минутажа во изминатиот период. Талевски е дете на Пелистер, има и интернационално искуство, а Данев пристигна од Работнички.

Шаботиќ, Мурџески, Марковски, Митаноски…..

Следуваат оние од помладата генерација какоАндреј Мурџерски, Иво Марковски кои што исто така имаат прволигашко искуство од изминатиот период. Двајцата У19 репрезентативци со веќе трети „сениорски“ подготовски во нозете. Емир Шаботиќ исто така се наметнува како член на таа У19 генерација. Илија Митаноски исто така има сениорски минути во нозете.

Цветковски е „бисерот“ на Вардар

Конечно на подготовките на Вардар се и оние со сеуште статус на У17 репрезентативци. Тука пред се се мисли на капитенот на таа генерација Филип Цветковски, лев бек кој што и тоа како изненадува на тренинзите со сениорите.

Тука се и Блерон Бајрами, Христијан Јевтоски, Никола Ристевски…сите од ред момци со голема перспектива.

„Секако дека сме пресреќни што ја имаме оваа шанса да сме дел од сениорскиот тим на Вардар. Да се биде овде е привилегија, задоволство, но и обврска. Да се биде на потребното ниво. Учиме, работиме, ги имаме сите услови да напредуваме“ – велат во еден глас младинските на Вардар.

ПретходноВардар денеска конечно со пријателски меч, на менито е Динамо Махачкала
СледноСинер со елиминација на Дардели во до следна фаза на АО