Вардар преговара со Кристиан Фабиани како замена за Седлоски

552

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Дека тимот на Вардар уште од сега бара замена за тренерското место на Гоце Седлоски не е тајна. Извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски уште пред неколку дена најави дека листата на потенцијални нови кормилари на „црвено – црните“ константно се зголемува и дека во моментов истиот содржи и странски имиња, и домашни реномирани тренерски ликови, но и потенцијални дебитанти на „жешкото столче“.

Па така, информациите велат дека менаџментот на Вардар во моментов преговара со неколку странски имиња во кои предничи аргентинецот Кристиан Фабиани. Тоа е лик кои што во бил дел Њуелс Олд Бојс и кој што би бил сериозно освежување како име во мак фудбалот.

Пиотр Вазчински исто така е опција

Следен на листата со кој што Вардар има контакти на оваа тема e Пиотр Вазчински кој што има искуство со работа во младинските катрегории до 19 години во репрезентацијата на својата земја.

Борче Христов, Горан Здравков, Матија Мирков…..од домашната понуда

Што се однесува пак до домашната сцена, извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски екслузивно објави дека не се опција за нов тренер поранешните селектори Благоја Милевски, Игор Ангеловски Мрме, како и екс кормиларите на Вардар Чедомир Јаневски и Илчо Ѓорѓиоски.

Од друга страна пак, Матија Мирков во моментов помошникот на Гоце Седлоски, секако дека би бил добро решение со оглед на фактот дека и тоа како добро ги познава прилиѝките во тимот во моментов.
Борче Христов, тренерот на Тиквеш во моментов, е искусното македонко решение, кое евентуално би влегло во игра. Тој е најавен и како еден од помошниците на новиот селектор Гоце Седлоски, откако тој ќе застане на чело на А репрезентацијата.

Конечно, тренерот на Детонит во моментов, Горан Здравков, е финалното име во целиот овој памфлет на тренери. Поранешниот капитен на Брегалница, во моментов е дел од ВМФЛ конкуренцијата, но евентуалната преселба во Вардар секако дека би бил голем чекор за неговата перспективна кариера.

ПретходноМусети обезбеди 1/4 финале против Фриц
СледноВардар денеска конечно со пријателски меч, на менито е Динамо Махачкала