Карик: На самиот почеток сме, но ова е добра стартна позиција

263

Привремениот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, Мајкк Карик со смирувачки тонови и се обрати на јавноста откако синоќа „Ѓаволите“ на чудесен начин изборија гостинска победа од 2:3, кај Арсенал.

Одличниот перформанс на Манчестер Јунајтед, доаѓа по победата над Сити во локалното дерби, на што се надоврзани три бода и од дуелот со Арсенал.

„Разбравме дека почетокот на натпреварот ќе биде ваков и се обидовме да го свртиме текот во наша корист. Бевме свесни како ќе се развива натпреварот. Постепено почнавме подобро да ја контролираме топката, да дејствуваме посмирено и во одредени моменти почувствувавме наплив на самодоверба“, – рече Керик па додаде.

Имаше период кога почнавме да ја преземаме иницијативата, но противникот го отвори резултатот, што беше разочарувачки. Сепак, покажавме карактер и успеавме да се вратиме во играта. Имаше моменти кога мораше компактно да се браниме. Противникот нè притискаше, но ние останавме самоуверени. Продолжив да верувам дека ќе постигнеме гол“, сподели Карик.

„На гостувањата е важно да се почувствуваат фазите од натпреварот, да се биде трпелив и дисциплиниран. Нашите навивачи беа неверојатни. Во одредени периоди добро ја контролиравме топката, напаѓавме решително и бевме наградени за тоа“, нагласи менаџерот на „Црвените ѓаволи“.

ПретходноСинер со елиминација на Дардели во до следна фаза на АО
СледноПораз на Струга ТЛ од Рубин Казан на подготовките во Турција