Полуфиналето стана далечно за Португалија и Норвешка

268

Во Хернинг стартуваше третото коло од главната рунда 1, а по некое правило видовме уште една драма, за тоа беа задолжени Португалија и Норвешка, одиграа без победник 35-35, резултат кој не им оди во прилог ниту на едните, ниту на другите.

За Португалија ова беше прв бод во главната рунда, има исто три бода колку и Норвешка. Сето ова не е доволно за оставрување на полуфинале, бидејќи Германија има 6 бода, додека Данска и Франција по 4, тие допрва ќе ги одиграат мечевите од третото коло.

Иако скандинавската селекција во вториот дел имаше позитива, која во еден момент изнесуваше плус три 20-23, сепак Португалците најдоа начин да се вратат во дуелот и да поведат со 31-28. Сепак последната минута беше вистинска драма, Мартим Кошта не реализираше за победа при 35-36, па на потег беше Норвешка, која исто така не искористи 15 секунди, Валерио се најде на вистинското место.

Фраде имаше 11 гола кај Португалија, додека на другата страна Педерсен запиша 10 погодоци.

ПретходноДефинитивно се други времиња: Вардар отпаѓа, Душебаев се сели во Бундес-лига
СледноПознато е кога ќе биде одреден терминот за Куп-дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкендија