Екипата ан Струга Трим Лум во третиот пријателски меч одигран на базичните подготовки во Турција, загуби од силниот руски ривал, тимот на Рубин Казан.
Конечниот резултат на овој меч гласи 2:0, а русите головите ги постигнаа во вториот дел.
Во листата на стрелците се запишаа Кузнецов во 69.минута односно Мукба во 83. минута.
Претходно беа одиграни две реми средби со Тренчин односно Пахтахор.















