РК Вардар 1961 на тест во Хрватска

35

Вардар на крајот од јануари ќе одигра важен меѓународен турнир во Хрватска, каде што ќе настапи на четвртото издание на „Labin Handball Cup 2026“ во Лабин. Турнирот ќе се игра на 30 и 31 јануари и ќе собере сериозни имиња од регионалниот ракомет.

Вардар својот полуфинален натпревар ќе го одигра на 30 јануари од 18 часот против словенечкиот тим Слован Љубљана. Во второто полуфинале, од 20,15 часот, ќе се сретнат хрватските екипи  Загреб и Сесвете.

Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 31 јануари од 20,15 часот, додека поразените тимови истиот ден од 18 часот ќе разигруваат за третото место.

За Вардар ова ќе биде одлична можност да ги провери формата и тактичките решенија против силни ривали од Словенија и Хрватска, но и шанса стручниот штаб да им даде повеќе минутажа на сите играчи пред продолжението на сезоната во домашното првенство и европските настапи.

Вардар ќе отпатува во комплетен состав, само Николас Боно ќе отуствува бидејќи доби слободно до 1 февруари по настапот за Аргентина.

ПретходноСобрание без кворум и без организатори: сериозен пропуст во ОФС Кичево!
СледноЖКК Баскет кам ја доби организацијата на финалниот турнир од Купот