Кошаркарите на Чаир ја совладаа екипата на Куманово со 71:76 во вечерашниот натпревар од македонското кошаркарско првенство. Овој натпревар требаше да биде одигран вчера, но поради лошите услови во салата натпреварот беше одложен за денес.
Гостинските кошаркари подобро го отворија натпреварот и на крајот на првата четвртина водеа со резултат 13:21. Во втората четвртина Куманово се врати во натпреварот и ја доби со два разлика. Во второто полувреме двете екипи се мачеа со реализацијата, но Куманово беше малку подобар ривал и успеа да ја направи завршницата неизвесна. Сепак, на крајот тие не успеаја да стигнат до пресврт и загубија на домашен терен. Кај домашниот тим најефикасен беше српскиот кошаркар Луковиќ со 23 поени, а кај Чаир, американецот Стурдивант уфрли 20 поени.
Екипата на Чаир се наоѓа на 10-тата позиција, а Куманово е на 5-тото место.










