Шпанец со евролигашко искуство е новиот селектор на Македонија

332

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска има нов селектор. За првпат во истријата, нашиот најдобар национален тим ќе биде предводен од шпански стратег. Раководството на КФСМ го договори Хозе Мариа Берокал Риера. Тој доаѓа на местото на Марјан Илиевски, кој пред една недела си поднесе оставка.

Станува збор за тренер со импресивно Си-Ви. Има 35-годишно искуство, 21 година како професионален тренер, има освоено 21 титула, две од нив во Евролига. Кога сме кај најквалитетното клупско европско натпреварување (Евролига) новиот предводник на Македонија има 14 години искуство, има работено во тимови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макави и Баерн Минхен.

Она што е еднкво важно е дека цели 14 години бил дел од каталонскиот гигант, Во својата кариера има соработувано со имиња како Светслав Пешиќ, Чави Пасквал и Душко Ивановиќ во Барселона, како Гордон Херберт во Баерн.

Шпанецот не само што ќе донесе нови ветришта во сениорскиот тим, тој ќе биде од голема помош и за помладите категории, неговите насоки и искуство ќе бидат важни за развој на иднината на македонската кошарка.

Неговата работа е препознаена како системска, дисциплинирана и насочена кон долгорочен развој на играчи и тимови.

„Ангажманот на г. Хозе Мариа Берокал претставува дел од стратешката определба на кошаркарската федерација на Македонија за подигнување на стручните стандарди, воспоставување на јасен систем на работа и градење конкурентна сениорска репрезентација, во тесна поврзаност со младинските селекции.

Федерацијата изразува уверување дека искуството, знаењето и меѓународниот авторитет на новиот селектор ќе придонесат за стабилност, напредок и јасна визија во натамошниот развој на македонската кошарка“, порачаа од кошаркарската федерација на Македонија. 

Дебито на клупата на Македонија ќе го има во февруари (27) против Луксембург на домашен терен.

ПретходноПознато е кога ќе биде одреден терминот за Куп-дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкендија
СледноЃорѓи Кочов ќе биде помошник на Хозе Мариа Берокал во сениорскиот тим