Шпанија и направи голем проблем на Франција за полуфинале на ЕП

302
Фото: https://x.com/FRAHandball

Шпанија во едно поинакво светло, кога сите ја отпишаа оваа репрезентација, се врати на голема врата, покажа зошто се уште е име во светски ракометни рамки.

Никој не очекуваше дека „Фуријата“ ќе одигра неверојатно добар меч против актуелниот бранител на титулата и ќе дојде до победа, прва во главната рунда. Шпанците сосема заслужено славеа со 36-32.

Овој резултат не им оди во прилог на Фраанцузите на патот кон полуфинале, ќе им треба пораз на Германија за да останат во игра. Актуелниот првак остана на 4 бода исто колку Данска која игра против Германија. Доколку Германците победат одат во полуфинале.

После изедначената игра, Шпанија со серија од 7-1 поведе со 14-9, и тука не застана. Продолжи да игра на врвно ниво, на одморот замина со позитива од шест гола (20-14).

Вториот дел донесе нови возбудувања, на стартот Шпанија дојде на плус седум (23-16). Франција долго време се мачеше да го најде вистинскиот ритам. И некако успеа во тоа, намали на еден гол негатива 26-25, но противникот некако успеваше да одржува водство од дв до три гола.

Голманот на Шпанија, Хернандез беше на ниво на задачата, едноставно не им дозволуваше на Французите да поентираат лесно. На пет минути до крајот резултатот беше 33-28.

ПретходноРакометарите на ЕП со порака: Распоредот е брутален, уморни сме
СледноМакедонските репрезентативци му се ставија на располагање на Алушовски (ФОТО)