Ѓоргиев тргна со победа, во среда се бори за четвртфинале во Купот на ЦЕВ

36

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, имаше одлично деби во дресот на новиот клуб, Карловарско од Чешка. Во првиот настап во новиот дрес на тимот, Ѓоргиев ја прослави и првата победа, откако викендов Карловарско на домашен терен со 3:1 славеше над екипата на Усти над Лабем.

„Немав многу тренинзи, па добив шанса да го почувствувам теренот и екипита во неколку поени. Задоволен сум, дојдов во силна екипа, која веќе оваа недела пред себе го има првиот голем предизвик“, вели Ѓоргиев.

Карловарско освен што се бори за домашната титула, пред себе има реална шанса да обезбеди место и во четвртфиналето на Купот на ЦЕВ.

„Овде од денеска се е подредено на реваншот со Олимпијакос во осминафиналето на ЦЕВ Купот. Првиот натпревар Карловаско го доби на гости со 3:1, па сега дома и со два освоени сета ќе одиме во четвртфинале. Се очекува полна сала и многу добар натпревар“, дополни нашиот репрезентативен капитен.

ПретходноЈана одлична на слаломот во Австрија
СледноЧаир со злато вредна победа против Куманово