Вардар денеска конечно со пријателски меч, на менито е Динамо Махачкала

46

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Тимот на Вардар денеска во 14:00 часот по македонско време ќе го одигра третиот пријателски дуел на подготовките во Сиде, Турција. На програмата е тимот на Динамо Махачкала, прволигашот од Русија, кој што ќе биде и тоа како добар ривал за избраниците на Гоце Седлоски во моментов.

По откажувањето на дуелот со Мотор Лубин поради обилните врнежи и силниот ветар во Турција, денеска временските услови овде се и тоа како поволни, па „црвено – црните“ ќе имаат се што им е потребно за добар тест дуел.

Рускиот тим вреди вкупно 18 милиони според Трансфермаркт, податок што секако говори за силата и квалитетот на противникот.

ПретходноВардар преговара со Кристиан Фабиани како замена за Седлоски
СледноВардаровата иднина на едно место