Филип Талески од денеска и официјално е нов ракометар на Татабања, тим од Унгарија. Откако си замина од Вардар пред два месеци, високиот лев бек повторно е интернационалец, но сега во Унгарија.
Станува збор за клуб кој високо котира во својата земја, но сепак години наназад е зад гигантите Веспрем и ПИК Сегед.
Што се однесува до Филип Талески, тој себеси се промовира во Металург,потоа направи голем трансфер во Рајн Некар Левен, потоа мала епизода во Балинген за да потоа играше за Вардар, за да продолжи во Бенфика. Во РК Вардар се врати минатото лето, сега е пред нов интернационален предизвик.










