Утре во центарот на вниманието ќе биде мечот меѓу Хрватска и Словенија во рамките на втората фаза од Европското првенство во Малме, а за двете селекции победата е императив во трката за полуфинале. Позицијата во групата е исклучително комплицирана бидејќи Исланд, Шведска, Словенија и Хрватска имаат по четири бода.
„Разговаравме по натпреварот дека имавме многу среќа со тие калкулации и на Европското првенство 2020 и на минатите Олимписки игри, но овде таква среќа нема да има. Сè уште имаме две финалиња пред финалето. Веќе ја победивме Унгарија, сега следи второто и тоа е единствениот менталитет со кој мора да влеземе во натпреварот“, изјави словенечкиот кружен напаѓач Кристијан Хоржен за словенечката агенција СТА.
Тој вели дека ритамот на натпреварите на првенството е „брутален“, но ист за сите.
„Секако дека сме уморни, но 70 отсто од подготовката е во нашите глави. Се обидуваме што подобро да се подготвиме, особено ментално. Она што досега го направивме веќе е одличен резултат, но би било штета ваква шанса да ни излизга“, решително додаде ракометарот на германски Гумерзбах.










