Силекс со “три од три“, ама во порази во Анталија!

123
ФОТО:Mirza Demirovic.www.fkz.ba

Силекс – Железничар 0:2 е исходот од денешниот пријателски меч во Анталија. Ова беше трета контрола за четата на стратегот Александар Васоски во текот на подготовките во Турција и трет пораз. Стрелци на головите за Жељо беа Ракиќ и Карамарко.

Тимот од Сараево, барем од она што можеше да се види, беше подобар тим и заслужено успеа да го победи македонскиот клуб.

Инаку Силекс во Анталија беше поразен и од Словачко со 1:2 и од Бунјодкор исто со 1:2.

Во деновите што претстојат, кратовци ќе одиграат уште некоја пријателска во Анталија. Да потсетиме дека Железничар пред некој ден требаше да одигра натпревар со Пелистер, но поради лошите временски услови тој меч беше откажан.

ПретходноЖКК Баскет кам ја доби организацијата на финалниот турнир од Купот
СледноСерхио Рамос со 450 милиони евра ја купува Севиља!