ТРАНСФЕРИ: Трент се сели во Сити, ПСЖ го сака Рашфорд, Абрахам се враќа во Вила, Вартон е блиску до Ливерпул…

400
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Дали на повидок е мега – трансфер и тоа од Реал Мадрид во Манчестер Сити. Станува збор за Трент Александер – Арнолд. Имено него му е кажано дека може да си оди од Мадрид, и се шпекулираше дека најблиску е до Баерн Минхен, но сега во игра е Манчестер Сити. Секако дека фановите на “Редси“ ќе доживеат шок, уште поголем од оној кога си замина во Реал.

И покрај желбата на Барса да го “осигура“ Маркус Рашфорд, последно е што и ПСЖ е силно заинтересиран за него. Којзнае, можеби репрезентативецот на Англија ќе се пресели во Париз.

Последните информации од Италија велат дека Тами Абрахам, напаѓачот на Рома е многу блиску до враќање во Премиерлигата, до враќање во Астон Вила.

Инсајдерите пренсесуваат дека Адам Вартон (21), еден од најдобрите играчи на Кристал Палас е пред трансфер во Ливерпул. Секако дека тоа ќе биде големо засилување за средниот ред на “Редси“.

ПретходноКристијано Роналдо оди во пензија, ама во…
СледноЗавршницата на националниот Куп ќе се игра во Куманово!