Нашата скијачка Јана Атанасовска оствари одличен резултат на денешната слаломска трка во Телфс, Австрија. Атанасовска ги подобри своите ФИС поени и имаше заостаток од само 0,46 зад првопласираната скијачка. Со ова таа го подобри македонскиот рекорд кој и досега беше во нејзина сопственост.
Во втората трка која што се одржа истиот ден, Атанасовска имаше најдобро време во втората трка со 50,04, но за жал грешката не и дозволи да направи уште поголем подвиг. Зад себе таа ги остави четирите претставнички од Германија, Софија Штурм, Леони Бартоломеус, Ема Визер и Мари Богнер.










