Арсими го позајми Бајо од Вардар

130

Арсими вечерва и официјално ја потврди позајмицата на фудбалерот на Вардар, Фахад Бајо. Напаѓачот од Уганда, кој во дресот на Вардар не успеа да се наметне, сега ќе се обиде да освои минутажа во дресот на тимот од Чегране.

Бајо е репрезентативец на Уганда со 25 натпревари и 6 голови и доаѓа со богата кариера, бидејќи е дел од неколку клубови на различни првенства во Африка и Европа.

ПретходноПоповски е нов асистент на Таневски на клупата на Скопје
СледноНБА пазарот се „вжештува“: Јанис, Џа Морант, Јабуселе, Куминга… кој, каде?